За 10 евра или за 630 денари е зголемена синдикалната кошница во јули во однос на јуни. На 4 члено семејство месечни би биле потребни над 65 илјади денари за да го истурка месецот. Најголем дел од парите , над 23,600 денари им биле потребни само за храна и пијалоци .
Од Синдикатот велат дека по завршување на владините мерки, вредноста на кошницата за 3 месеци е згоемена за 2,637 денари, а во делот на храната и пијалоците има зголемување за 2,200 денари. Од министерството за економија велат дека се уште траат анализите дали да има некакви мерки за да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи. Ако има,, ќе треба да се воведат следниве денови, односно до 8 август, кога се распишуваат локалните избори.
Според СДСМ овие поразителни бројки се резултатот од една година владеење на ВМРО ДПМНЕ – целосно промашена, аматерска економска политика.
“Ова е показател за целисниот дебакл на економските политики на Владата”, Велат од СДСМ.
Од опозициската партија додаваат дека се потребни конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и итно покачичување на платите на работниците.
“Но оваа влада си мисли на на себе и на сопствените потреби со што ја загрозува економската сигурност на секое семејство во земјава”, Велат во соопштение од СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски најави оти ќе предложи на следната седница на Економско-социјалниот совет, за која вели дека очекува да се одржи во најскоро време, синдикалната минимална кошничка да биде поделена во пет сегменти – потрошувачка кошничка за самец, за млад брачен пар, тричлено семејство, четиричлено семејство, како и кошничка за пензионери. Тој вели дека на овој начин би биле опфатени потребите на луѓето согласно нивната возраст, но и според бројноста во однос на тоа како е сочинета една заедница и оти ваквите анализи би дале повеќе информации за да се дојде до пооптимални резултати.
„Ова ќе биде мој предлог кој сум го разговарал со академската фела и мислам дека е добар за разгледување и дебата на тој совет да имаме неколку потрошувачки кошнички затоа што потребите на еден пензионерски пар не е ист како на еден млад брачен пар. Или на тричлено и четиричлено семејство или на самец. Јас немам проблем да направиме една темелна анализа бидејќи само со повеќе податоци може да дојдеме до подобри резултати“,