Смилев за малку без финале на Европското првенство во Епинал

Велешанецот Кристијан Смилев не успеа да обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во кајак слалом за јуниори и натпреварувачи до 23 години, кое се одржува во француски Епинал.

Zito baner

Смилев во полуфиналната трка во јуниорска конкуренција го освои 21. место, со заостанување од 9,40 секунди зад лидерот Доминик Егијажи од Словачка. За пласман во финалето му недостигаа 5,7 секунди. Кобни за велешкиот кајакар беа 16, 18 и 19 капија, каде што направи грешки и заработи вкупно шест казнени секунди. Без овие казнени секунди, Смилев ќе имаше време доволно за пласман во финалето.

Agria

И покрај пропуштената шанса, Смилев покажа дека има квалитет да се натпреварува со најдобрите млади кајакари во Европа. На него му недостигаа само нијанси за да се најде меѓу 12-те финалисти.

Младоста и неискуството овојпат си го направија своето, но настапот во Епинал е уште едно значајно искуство за младиот велешанец, пред кого допрва се очекуваат големи резултати и светла иднина во македонскиот кајак слалом.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: