Со искази на нови петмина сведоци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со искази на нови пет сведоци на Обвинителството денеска во судницата во Идризово  продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

И на денешното рочиште, според најавите треба да сведочат лица што биле во „Пулс“ критичната ноќ на 16 март 2025 година.

Agria

Ова е второ рочиште од почетокот на годината, а судскиот процес е во доказна постапка. На претходното рочиште на 26 јануари искази дадоа четворица сведоци кои критичната ноќ на 16 март лани биле гости во т.н. Кабаре. Фокусот на Обвинителството, односно прашањата кои ги поставуваа на сведоците, беа во врска со внатрешноста на објектот и она што тие го забележале во однос на мерките за безбедност. Без исклучок, сите четворица рекоа дека во „Пулс“ критичната вечер, како и претходно, имало малолетници.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: