Со шест возбудливи натпревари стартуваше детскиот турнир во мал фудбал

На спортскиот терен во Градскиот парк во Велес вчера официјално започна вториот по ред Детски турнир во мал фудбал, кој оваа година привлече голем број млади учесници и љубители на спортот. Настанот е организиран од Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев.

Zito baner

На првиот ден од турнирот (8 јуни) се одиграа вкупно шест возбудливи и ефикасни натпревари во рамки на групната фаза. Младите фудбалери покажаа одлична борбеност, а публиката на трибините имаше можност да види дури два меча кои се решаваа по изведување на пенали.

Agria

Екипата на Лирија имаше фантастичен старт на турнирот, остварувајќи две убедливи победи во истиот ден. Најпрво рутинирано ја совладаа Виксата Аутодеталинг со 3:0, а подоцна беа уште поефикасни против Везилка, победувајќи со високи 4:1.

Најголема драма и изедначена борба се водеше на дуелите меѓу Млади Ѕвезди и ФК Јуниор, како и меѓу АЦ Електрик и Пекара Натали. Двата натпревари во регуларниот дел завршија нерешено, па победниците се одлучуваа по изведување пенали. ФК Јуниор беше посреќен и попрецизен против Млади Ѕвезди (3:2 на пенали), додека АЦ Електрик успеа да слави против Пекара Натали со 2:0 по пенал-рулетот.

Сепак, фудбалерите на АЦ Електрик немаа многу време за одмор и во својот втор натпревар за денот претрпеа тесен пораз од Минерали Метали со 2:1. Во преостанатиот дуел, Кумцал успеа да извојува тесна, но важна победа над Тим 1 МКД со 2:1.

Организаторите најавуваат уште многу динамични средби, убави потези и спортска возбуда во наредните денови. Тие ја повикуваат велешката публика во што поголем број да ги поддржи младите фудбалери и да биде дел од овој вистински спортски празник во Градскиот парк.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: