Фудбалскиот клуб Борец 1919 со три нови засилувања го заокружи крајот на трансфер периодот. Нови имиња во клубот се Един Мерсовски, Дамјан Зенговски и Алекс Митров.
Мерсовски веќе има настапувано за Борец пред неколку сезони, а на велешкиот клуб му пристапи од дебарски Кораб. Десниот бек Дамјан Зенговски доаѓа од Вардарски. Инаку тој потекнува од фудбалската школа на Работнички. Алекс Митров е ново име во нападот на Борец и тој доаѓа од Триестина, клуб кој се натпреварува во италијанската Сериа Ц. Тој е роден во Швајцарија и ги поминува младинските категории на Јанг Бојс.
Од клубот истакнаа дека во составот се приклучени и младинците Бојан Анишиќ и Андреј Бабунски, со што се става акцент и на домашните играчи. Борец го започнува пролетниот дел од Втората фудбалска лига во сабота со гостување во Куманово кај екипата на Башкими.