Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максимална ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени.
Во Велес времето ќе биде сончево претпладне, но во попладневните часови можна е дестабилизација со повремен дожд, а ќе има и појави на грмежи. Се очекува и засилен северен ветер, особено попладне и навечер.