
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Содржината продолжува под рекламата
Утринските температури се движат од 15 до 21, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 Целзиусови степени. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Содржината продолжува под рекламата
Во Велес сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Можеби ќе ве интересира:
- Се бара притвор за маж и жена осомничени за свирепото убиство во гостиварско Неготино
- Со базар, свеченост и доделување награди одбележан Денот на општина Градско
- Сончево со умерена облачност и претежно тивко
- Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
- Државниот обвинител Коцевски се повлече од функцијата непосредно пред седницата за негово разрешување
















