Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 35 степени.
Во Велес, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 35 степени.