Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Велес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 34 степен.