Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а максималните од 18 до 30 степени целзиусови.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на температурата на воздухот.