Сончево и топло време со мала до умерена облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за денеска. Ќе дува слаб до умерен, а на места, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 26 до 35 степени.
Времето во Велес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 34 степени.