Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието и источните делови од земјата.
Утринската температура ќе биде од 1 до 9 Целзисуови степени, а дневната ќе се движи од 16 до 23 степени.
И во Велес денеска ќе има сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 7 степени наутро до 21 во текот на денот.
























