Сончево со мала до умерена облачност

Veles juni 16

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од девет до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 34 степени.

Agria

Во Велес се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: