Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура се движи во интервал од еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Велес, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во нашиот град ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.