Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата, повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе биде од 11 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 26 до 36 степени.
И во Велес денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 35 во текот на денот.
























