Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км на час.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 34 степени.
Во Велес времето исто така ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне околу 30 степени.
























