Во Македонија утрово владее вистинска поларна свежина, температурите во некои региони се спуштија под нулата, што го прави ова утро значително поладно од претходните денови.
Утринската температура ќе биде од минус 4 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 14 до 20 степени.
Во Велес, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 степени наутро до 16 во текот на денот.



















