Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа и повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 38 степени.
Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и во Велес, каде исто така ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се искачи до високи 38 Целзиусови степени.