Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 16 степени.
Времето во Велес ќе биде сончево и умерено облачно со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 11 степени.

















