Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи од 0 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Велес ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне 25 степени.
























