Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Велес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.