![Veles noemvri, Trajko Andreev uciliste](https://batali.mk/wp-content/uploads/262523174_2256573434482509_624262604867860139_n.jpg)
Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Во одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво. Врнежи на повеќе места повторно ќе има од понеделник. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.
Moжеби ќе ве интересира: