Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози. Интензитетот е умерен надвор од градовите, а на граничните премини нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимание на патиштата во котлините, реките и клисурите поради можни одрони.
Особено внимание треба да се посвети на патиштата: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.