Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 м.
Магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

















