ССМ: Ако Владата одлучи да ги зголеми платите, нема повеќе да не гледаат, се дотогаш остануваме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на блокада пред Владата, за да не можат со коли да дојдат премиерот и министрите, постави услов до крајот на месецов февруари да се изгласа 600 евра минимална плата и зголемување за 100 евра на сите останати плати во администрацијата, за да нема генерален штрајк на работниците во март.

Agria

„Донесете ја одлуката денеска и нема повеќе блокади и протести, нема да ме видите никаде, ни на протест, ни на медиуми, но на социјални мрежи или каде било во јавен настап”, вети претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Синдикатот најави дека ако до крајот на февруари не добијат конкретен одговор и договор со властите, ќе продолжат со масовни блокади на сообраќајот во март, што би можело да влијае на сообраќајот и економските текови во државата.
Од ССМ наведуваат дека нивните активности се дел од долгорочни заложби за заштита на работничките права и покачување на минималната плата, како и подобри услови за образование, здравство и социјална заштита, со што сакаат да ги отворат темите за животен стандард и економски развој.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: