На седницата на Економско-социјалниот совет, којашто е во тек, ќе се разговара за програмата за работа и за потрошувачките кошнички. Од Сојузот на синдикати пред почетокот на седницата најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемувањето на минималната плата на 500 евра и за усогласување на останатите плати, односно нивно зголемување за 6.000 денари. Од останатите синдикати велат дека нема синдикат којшто не е за зголемување на платите, но дека треба да се види тоа да не предизвика потреси во инфлацијата. И од Организацијата на работодавачи со став дека во овој период на глобални случувања, треба да се биде внимателен.
Додаде дека ќе го покренат ова прашање на седницата, а доколку не се разговара за тоа, тогаш, вели седницата на ЕСС, е пропадната инвестиција.
Од Конфедерацијата на слободни синдикати, кои добија репрезентативност, велат дека се за зголемување на платите, но дека треба да се разгледа опцијата тоа да не предизвика други проблеми.
„Нема работник и синдикат којшто не сака поголема плата. Ако се отвори прашањето, тука сме да разговараме за се она што е базирано на факти и аргументи. Тука не треба да се сомневаат дека ќе имаат поддршка од наша страна ако покажат дека е потребно зголемување на минималната плата, но од друга страна да не предизвикаме потреси во инфлацијата бидејќи ако се зголеми инфлацијата, зголемувањето ќе го изеде инфлацијата“, изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.
Од Организацијата на работодавачи предупредуваат дека треба да се биде внимателен во овој период имајќи предвид за предвидувањата за економски раст во еврозоната и царините што ги воведува САД кон Европа.
„Она што сакам да го кажам дека секогаш зборуваме дека во овој период треба да бидеме малку повнимателни бидејќи зборуваме за намалена продуктивност, а малите и средните препритијатија не ќе може да го издржат растот на минималната плата, а ќе мора да ги поттикнат вредните и продуктивните работници. Треба да бидеме особено внимателни особено ако знаеме дека е предвидено економски раст од еден отсто во Европската унија и ако гледаме дека Америка воведува царини, а сето тоа директно или индиректно ќе се одрази на нашата економија“, изјави претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска.