ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра

Со блокада на Собранието утрово почнаа блокадите што ќе ги реализира ССМ во следниве денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието.

Agria

„Голем дел од пратениците рано утрово дојдоа пред 9 часот за да избегнат средба со работниците. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат платата, а во исто време нивните плати ќе се зголемат за 12,6%“, рече Трендафилов.

Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: