Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека вредноста на минималната синдикална кошница за септември изнесува 65 077 денари и споредено со претходниот месец август, која изнесувала 65 507 денари, е намалена за 430 денари.
Дополнително, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80 452 денари.
Истовремено, ССМ соопшти дека вредноста на минималната кошница за храна и пијалоци, за 63-те производи кои ги вклучува, во септември изнесува 23 394 денари и во однос на претходниот месец е намалена за 670 денари.