Почнува Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Тие ќе им бидат домаќини на 48 репрезентации, што го прави овој Мундијал најмасовен во историјата.
Првиот натпревар ќе се игра на 11 јуни меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка, а финалето е закажано на 19 јули, па ова ќе биде и најдолгото првенство досега.
Натпреварувањето во групната фаза ќе вклучува 12 групи. Двете најдобри репрезентации од секоја група и осумте најдобри третопласирани ќе се пласираат во 1/16 финалето.





















