Струјата поскапува за речиси 5%

Smetka za struja

ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач на електрична енергија, добил само една понуда на тендерот за обезбедување струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за периодот јануари – декември 2026 година. Единствениот понудувач е АД ЕСМ, кој понудил купопродажна цена од 65 евра за мегаватчас, со што ќе ги покрие 100% од планираните количини.

Оваа цена е 4,84 проценти повисока во однос на последниот тендер за периодот јуни – декември 2025 година, кога државната електроенергетска компанија понуди 62 евра за мегаватчас.

Agria

Од ЕВН Хоме информираат дека, под надзор на Регулаторната комисија за енергетика и според законски утврдената методологија, во наредниот период ќе ја пресметаат крајната цена на електричната енергија за потрошувачите.

Во финалната цена ќе бидат вклучени повеќе параметри: – продажната цена по која АД ЕСМ ја испорачува струјата на ЕВН Хоме, – цената на преносните услуги на МЕПСО, – надоместоците на пазарниот оператор МЕМО, – како и трошоците на Електродистрибуција како оператор на дистрибутивниот систем.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: