Во пресрет на пролетниот дел од првенството во Општинската фудбалска лига Велес, сите клубови кои се натпреваруваат во лигата добија фудбалски топки како донација од претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Велес, Тале Шопов.
Станува збор за втора ваква донација, со која директно се помага подобрувањето на условите за работа и тренинг на екипите. Со оглед на ограничените финансиски можности со кои се соочуваат дел од клубовите, ваквата поддршка доаѓа во вистинско време – непосредно пред продолжението на сезоната.
Претседателот на ОФС Велес, Тале Шопов, истакна дека иницијативата произлегла од реалните потреби на клубовите.
„Како претседател на ОФС Велес увидов дека клубовите немаат доволен број на реквизити за тренирање, па затоа одлучив да донирам фудбалски топки на сите седум клуба во Велес, со цел подобрување на тренажниот процес на фудбалерите“, изјави Шопов.

Со оваа акција, Претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Велес уште еднаш покажува дека покрај организацијата на натпреварите, активно работи и на создавање подобри услови за развој на фудбалот на локално ниво. Клубовите сега со засилена мотивација и подобрена опрема ќе го дочекаат стартот на пролетната полусезона.

















