Татјана Димитровска поднесе оставка од функцијата претседателка на ДКСК

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до претседателот на Собранието, поднесе оставка од нејзината функција.

Димитровска е обвинета во предметот „Адитив“ за одавање државна тајна.

Agria

Според обвинението, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна.

Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“ и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Димитровска вo писмо до јавноста рече рече дека еден од обвинетите во „Адитив“ ѝ е семеен пријател и дека разговорите не биле поврзани со случајот.

„Како претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на пресумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, е потребно да се почитуваат. Другите 6 члена на институцијата што ја претставувам немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена“, рече тогаш Димитровска.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: