Теодор Мирчевски потпиша за Башкими, најдобриот стрелец во Третата лига – Југ се сели во Првата лига

Најдобриот стрелец во Третата фудбалска лига – Југ, велешанецот Теодор Мирчевски, направи чекор напред во кариерата и потпиша едногодишен професионален договор со кумановскиот прволигаш Башкими.

Zito baner

Мирчевски зад себе има одлична сезона во дресот на Борец 1919, во која со својата ефикасност се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во лигата. Тој минатата сезона постигна 25 погодоци и запиша 10 асистенции, со што имаше значаен придонес во освојувањето на шампионската титула на велешкиот клуб.

Agria

Иако Борец 1919 ја освои Третата лига – Југ, тимот не успеа преку баражот да обезбеди пласман во Втората фудбалска лига. Мирчевски, пак, со своите игри го привлече вниманието на клубовите од повисок ранг и следната сезона ќе има можност да се докаже на највисоко ниво на македонскиот фудбал.

За велешкиот напаѓач ова е нов предизвик во кариерата и можност својата голгетерска форма да ја потврди и во Првата фудбалска лига.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: