Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 13 до 21 степен, а максималната од 28 до 35 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.






















