30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Zito akcija 640x289px

Тошковски кажа дека се истражуваат причините за пожарот во дискотеката, дека има приведено лица за случајот.

Agria

„Имајте разбирање, во овој момент најбитно е да ги утврдиме сите факти и дејствија., Да изразиме сочувство до најблиските на загинатите и повредените“, рече министерот.

Министерот откри дека дел од организаторите се меѓу повредените.

„Дел од лицата кои се во рамки на соодветна постапка се приведени и дел од организаторите се тешко повредени. Во координацијата сме со Јавното обвинителство и наскоро ќе излеземе со повеќе информации. Ќе мораме да работиме чекор по чекор, вели Тшковски

Министерот истакна дека секој еден од нас треба да чувствува морална одговоросност за ваква трагедија.

Секој во изминатите 30 години.

Тошковски не одговори на прашањата во врска со евакуацијата од дискотеката велеќи дека наскоро ќе има детали.

Министерот исто така обзнани дека според негови информации засега има доволен број на крвни единици за повредените.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: