Трагедија во Кичево: Со секира ги нападнал родителите – таткото им подлегнал на повредите, мајката е во неконтактибилна состојба

policija svetla

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“.

Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители.

Agria

Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба.

Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: