Тројца кандидати за градоначалник и 10 советнички листи за Велес

Opstina Veles zgrada

Рекордни 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје за локалните избори следниот месец. Најголем број се за престолнината 18 кандидати се во трка за прв човек на градот а 20 листи има за членови на советот.

Тројца ќе се борат за градоначалничкото место во Велес, од кој две дами. Марко Колев ќе проба да освои уште еден мандат, додека Маја Хеско од СДСМ ќе се обиде да му ги расипе сметките. Во трка за прв човек на градот уште е и Маријана Деловска од Политичка партија ДЕМОКРАТИ.

Agria

За 23 советнички места во Советот на Општина Велес  ќе се борат и 10 политички партии и коалиции.  Политичка партија движење ЗНАМ, Демократска партија на турците на Македонија, Единствена Македонија, Македонска акција – МААК, Левица, Коалиција ,,ТВОЈА МАКЕДОНИЈА” – предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција ВЛЕН, СДСМ, БОШЊАЧКИ ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ДУИ,

Кампањата за првиот круг на изборите почнува на 29 септември, додека граѓаните на 19 октомври ќе го дадат својот глас за идните локални власти.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: