Тројца млади кошаркари на Борец Баскет добија повик за учество на националниот ФИБА камп за генерациите родени 2013 и 2014 година, кој ќе се одржи од 22 до 26 јуни во Негорски Бањи – Гевгелија.
По успешно реализираните селективни тренинзи што се одржаа изминатиот викенд, селекторите на националните селекции го направија конечниот избор на играчи во машка и женска конкуренција кои ќе бидат дел од кампот организиран од Кошаркарската федерација.
Меѓу избраните се и младите надежи на Борец Баскет – Дамјан Кимов, Горјан Ристов и Јосиф Танев, кои со своите настапи и прикажан квалитет заслужија место меѓу најперспективните млади кошаркари во државата.
Повикот претставува големо признание и за клубот од Велес, кој продолжува да работи на развојот на млади таленти и создавање нови генерации кошаркари.






















