Уапсен неготинец со импровизирана лабораторија за дрога, пронајдени амфетамин, марихуана и масло од хашиш

Pronajdena droga

На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш.

Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнание за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Agria

Додека, од судија на претходна постапка, определена му е мерка притвор во траење од 30 дена и лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: