
Еден ученик од Велес и еден ученик од Скопје се позитивни на ковид-19, но и двете деца не биле во контакт со многу луѓе, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Протоколите во училиштата се направени по принципите по кои се одвиваат препораките насекаде во светот. Досегашните бројки укажуваат дека навистина е мал бројот на заболени ученици. До крајот на минатата недела имавме случаи во четири скопски општини, односно по еден случај во по две училишта во секоја од општините. Денеска имаме дополнителни двајца заболени ученици, од кои еден во Скопје и еден во Велес, што е прв случај во внатрешноста во државата. Сметаме дека со сегашните протоколи ризикот е минимален, имајќи го предвид искуството и од минатата година. Со почитување на протоколите децата се безбедни“ истакна Филипче.
Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката состојба во земјава, додаде министерот за здравство, Венко Филипче. Како што додаде тој, состојбата во образовните институции редовно се следи и оти засега нема ризик по здравјето на децата.
Можеби ќе ве интересира:
