30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Украден починат пациент од струмичката болница

Струмица инфективно
Струмица инфективно

Група на околу триесетина луѓе утрово ја скршиле вратата на инфективното одделение во болницата во Струмуица и го земале телото на починат пациент кој бил тестиран за коронавирус

Zito akcija 640x289px

Според информациите, пациентот во раните утрински часови бил примен на инфективното одделение како сомнителен случај на коронавирус и веднаш му бил земен брис дали е носител на вирусот или не. Во меѓувреме, неговата состојба се влошила и тој починал. Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.

Agria

Директорот на болницата во Струмица, Наќе Гогов, вели дека починатиот пациент бил на возраст од 49 години.

Според директорот на болницата, роднините на починатиот влегле во инфективната амбуланта, и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.

Докторите не можеле да направат ништо бидејќи станувало збор за толпа на луѓе и доколку реагирале ќе се создадел поголем инцидент. Тие, сепак, случајот го пријавиле во полиција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: