Валерија Ваљак Неделковска го наследи Панче Ќумбев на чело на СФМ

Со избор на нов претседател, СФМ влегува во нова фаза од своето синдикално делување. На редовното годишно и изборно Генерално собрание, одржано изминатиот викенд во Велес, делегатите ѝ ја доверија функцијата претседател на Валерија Ваљак Неделковска, која доаѓа на местото на досегашниот претседател Панче Ќумбев.

Изборот на нов претседател беше централниот настан на Собранието, со оглед на значењето што оваа функција го има во креирањето и спроведувањето на синдикалните политики. Со оваа одлука, членството испрати порака за континуитет, но и за нова енергија во работата на Синдикатот.

Agria

Покрај изборот на претседател, беа пополнети и три места во Извршниот одбор, каде што доверба добија Јане Николовски, Александра Јовановска и Марјан Герасимовски, како и едно место во Надзорниот одбор, за кое беше избран Илчо Боров. За генерален секретар е избран Марјан Герасимовски, а за потпретседател Александра Јовановска.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: