Ракометарите на Фруитленд Борец го забележаа третиот пораз во подготвителниот период пред стартот на вториот дел од сезоната. Вчера, на гостувањето во Скопје кај поранешниот европски првак Вардар беа високо поразени со резултат 40:26, полувреме 22:12.
Претходно велешани загубија од Пролет, со резултат 35:32, а во Кавадарци, Тиквеш беше подобар со резултат 38:25. На првиот тест натпревар велешани ремизираа на гостувањето во Прилеп со резултат 27:27.
За велешани останува да го одиграат последниот контролен натпревар против Вардар Неготино, со што ќе се заокружат контролните натпревари пред стартот на вториот дел од ракометната Супер лига.