Велес вечерва станува спортски центар на регионот, почнуваат петтите јубилејни „Спортски игри – Велес“

Вечерва во Велес започнува петтото јубилејно издание на манифестацијата „Спортски игри – Велес“, која во изминатите години прерасна во препознатлив спортски бренд не само на градот, туку и на регионот.

Zito baner

Од 1 до 6 јуни, спортските терени и просторот во Градскиот парк ќе бидат домаќини на повеќе од 700 спортисти од Македонија и од странство, кои ќе се натпреваруваат во одбојка на песок, баскет 3х3, мал фудбал и тенис.

Agria

Годинашното издание повторно има меѓународен карактер, со учесници од Србија, Црна Гора, Турција, САД, Италија, Шпанија, Куба, Иран, Германија и Албанија, што дополнително ја потврдува репутацијата на настанот и неговото значење на спортската мапа.

Организаторите најавуваат шест дена исполнети со квалитетни натпревари, спортски возбудувања и богата програма, а Велес повторно ќе биде во центарот на спортските случувања во регионот.

За љубителите на спортот кои нема да можат да присуствуваат на натпреварите, обезбедени се директни преноси од сите спортски активности. Продукцијата „Live Streaming Production“ од Велес и оваа година ќе се грижи настаните во живо да стигнат до гледачите во земјата и странство, овозможувајќи им да ја следат атмосферата и спортскиот дух што ќе владее во градот во текот на наредните денови.

Со рекорден број учесници и богата меѓународна конкуренција, петтото јубилејно издание на „Спортски игри – Велес“ ветува уште едно незаборавно спортско лето во градот на Вардар.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: