Велешанецот Филип Николов доби прв повик за сениорската ракометна репрезентација на Македонија

25-годишниот велешанец Филип Николов, кој настапува за РК Бутел Скопје, доби повик од селекторот Кирил Лазаров за настап во македонската машка сениорска ракометна репрезентација за време на претстојната ЕХФ недела.

Македонија ќе одигра две пријателски средби против селекцијата на Јапонија, закажани за 30 октомври и 1 ноември. За Николов, кој игра на позицијата десен бек, ова е првпат да биде дел од финалниот список на националниот тим, откако претходно се наоѓаше само на поширокиот состав или како резерва.

Agria

Со овој повик, Николов има шанса да го забележи својот дебитантски настап во дресот на Македонија. Својата ракометна кариера ја започна во матичниот клуб РК Борец, а покрај Бутел Скопје, тој ги бранеше боите и на РК Охрид.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: