Со завршувањето на есенскиот дел од Првата ракометна лига се сумираат и индивидуалните учиноци, а меѓу имињата што се издвоија на листата на стрелци се најде и велешанецот Јован Атанасовски. Ракометарот на Текстилец од Штип игра одлична сезона и по 13 одиграни кола се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци со вкупно 112 постигнати голови.
Атанасовски има импресивен голгетерски учинок, со просек од 8,62 погодоци по натпревар, со што претставува еден од клучните играчи во нападот на штипскиот тим. Неговата константност и реализација во текот на целиот есенски дел го позиционираа високо на листата и го направија еден од најопасните стрелци во лигата.
Првото место на стрелачката листа му припаѓа на Адис Салиу од екипата на Јехона, кој во 13 натпревари постигна 120 голови, со просек од нешто под десет погодоци по натпревар. Од вкупниот број, 26 голови Салиу ги реализираше од линијата за седум метри.
Конкуренцијата на врвот на листата на стрелци најавува возбудлива борба и во продолжението од сезоната, а настапите на Јован Атанасовски се уште една потврда за квалитетот на велешката ракометна школа, која со години произведува ракометари што оставаат забележителен траг во македонските натпреварувања.

















