Велешките атлетичари со второ место на „Че Трчаме 2026“ во Прилеп

Атлетичарите на Атлетскиот клуб Борец од Велес се вратија со второ место во тимскиот пласман на трката на 10 километри на четвртото издание на „Че Трчаме 2026“ во Прилеп. Велешкиот тим во состав Трајче Илијевски, Јованче Јанев и Игор Неделковски ја заврши трката со вкупно време од 1 час, 54 минути и 54 секунди, што беше доволно за сребрениот пласман меѓу машките екипи.

Zito baner

Покрај тимскиот успех, атлетичарите на Борец остварија и неколку забележителни индивидуални резултати, а посебно внимание привлече настапот на најмладиот учесник, 14-годишниот Димитар Витев. На својот прв настап на трка на пет километри, Витев постигна време од 19 минути и 58 секунди, со што се пласираше на 25. место меѓу 382 машки учесници. Резултатот добива дополнителна тежина ако се има предвид дека младиот атлетичар тренира само еден месец.

Agria

Успешно деби на трките на 10 километри имаше и Јованче Јанев, кој со време од 38 минути и 24 секунди го освои 13. место во машка конкуренција, меѓу 203 натпреварувачи.

На истата дистанца, Трајче Илијевски истрча 36:15 минути и заврши на седмото место, додека Игор Неделковски со време од 40:15 минути беше 20-ти. Борче Игевски ја заврши трката за 40:59 минути, освојувајќи го 23. место, а Данче Ангеловски постигна време од 51:20 минути и се пласираше на 104. место.

На трката на пет километри, покрај Витев, настапија и Цветко Николовски, кој со време од 23:08 минути го освои 65. место, и Аце Тодевски, кој патеката ја истрча за 29:03 минути, завршувајќи на 192. место.

„Че Трчаме 2026“ е рекреативно-натпреварувачки атлетски настан што ги обединува професионалните атлетичари, рекреативците, клубовите и љубителите на трчањето од Македонија и регионот. Покрај натпреварувачкиот дел, целта на манифестацијата е промоција на спортот, здравите животни навики и спортскиот дух, како и афирмација на Прилеп како спортска и туристичка дестинација.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: