ОК Борец – ветерани блескаат на силниот Гран при турнир на островот Раб, покажувајќи дека велешката одбојкарска школа има и традиција и карактер. Во групната фаза, велешани одиграа две маестрални партии и со максимални 2:0 ги совладаа екипите на Динамо Загреб и Инѓија. Со сигурна игра, дисциплина во одбраната и разиграност во нападот, Борец покажа дека на Раб не е дојден само да учествува, туку да освојува.
Утре следува полуфиналниот предизвик против силната екипа на Шабац. Во таборот на велешани владее оптимизам и спортски дух, со надеж дека токму на празникот Прочка ќе си подарат и на градот Велес, златен медал.

Боите на Борец ги бранат: Анѓушев Душан, Забев Златко, Забев Зоран, Арсов Ѓоре, Миланов Сашко, Гинов Благојче, Гулевски Александар, Коцев Тодор, Стојанов Тодор и Наумоски Даниел, додека тренер на оваа искусна и борбена генерација е Гинов Љубе.

















