(ФОТО+ВИДЕО) Ветераните на Борец со пет победи и ниту еден загубен сет до златото на силниот Гран при турнир на островот Раб

Исцрпувачкиот пат до островот Раб и тешкиот, збиен распоред во групната фаза не ги поколеба одбојкарите на ОК Борец – ветерани. Наместо замор, велешани покажаа шампионска зрелост и турнирот го завршија со перфектен учинок, пет победи од пет натпревари и без ниту еден загубен сет.

Во полуфиналната пресметка со цврстата екипа на Шабац, Борец славеше со чисти 2:0, а вистинската доминација ја демонстрираше во финалето. Под водство на искусниот стратег Љубе Гинов, со дисциплинирана игра и прецизна тактика, велешани ја „скршија“ Инѓија со убедливи 25:18 и 25:16 за конечни 2:0 во сетови.

Agria

Со оваа победа, Борец го освои силниот меѓународен турнир од серијата „Гран при“ во одбојка за ветерани и се закити со златни медали, пехар и ваучер во вредност од 500 евра. Триумфот во Раб носи и пласман на финалниот турнир во септември, каде велешани ќе имаат можност уште еднаш да ја потврдат својата класа.

Нема одмор за шампионите, веќе во април следуваат настапи во Бања Лука и Соко Бања, во мај турнир во Будва, а паралелно започнува и третата сезона од Лигата на ветерани во Македонија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: