Борец 1919 минамално го совлада Тетекс со 1:0 во проверка пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Пријателскиот натпревар се одигра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес.
Велешани имаа повеќе од играта во текот на целиот натпревар, но мрежите мируваа во првите 45 минути. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Сумер Хасан во 51 минута од натпреварот. И двата тренери им дадоа шанса на сите играчи на овој натпревар.
За Борец ова беше втор контролен натпревар, а веќе во среда во Велес го пречекуваат составот на Скопје.